ИНТЕЛ  архитектура

 

Архитектонското биро за проектирање, изведба, консалтинг и комплетен инженеринг - Интел -  е формирано 1990 година од страна на дипл.инж.арх. Милановски Драгољуб во Скопје. Од своето постоење во нашата фирма константно се работи на најразлични проблематики од областа на Архитектурата.

Нашата фирма Ви нуди комплетни услуги од областа на Архитектонското проектирање и дизајн, изведба на сите типови на ентериерни решенија, консалтинг услуги за широк обем на проблеми околу Архитектонското проектирање и изведба како и проблеми  околу важечките норми и стандарди во нашата држава, нудиме и комплетен инженеринг поврзан со сите наши проектантски и изведбени услуги.

 

ИНТЕЛ  архитектура

 

Уште од самото основање, Интел функционира беспрекорно од аспект на разрешување на сите видови на проблеми околу проектирањето и изведбата. Ние функционираме со беспрекорно одбран тим на луѓе кои со мошне ефективна и квалитетна организација успева доследно да им одговори на сите предизвици.

Секој член од нашиот тим  може да се одвои со свои посебни квалификации, додека пак на чело на нашиот тим стои експерт кој со своето опсежно долгогодишно работно искуство и знаење Ви стои на располагање за квалитетно, успешно и навремено извршување на секоја задача.

 

ИНТЕЛ  архитектура

 

Доказ за нашиот квалитет се многубројни Архитектонски проекти за објекти од најразличен тип како и многубројни изведени ентериерни решенија и задоволни клиенти. Самиот факт што Интел опстојува веќе цели 28 години е само показател за стабилноста, сериозноста и посветеноста која ние Ви ја нудиме. Професионалноста како и можностите и поволностите кои ние Ви ги нудиме се фактор поради кој успеавме квалитетно да опстанеме на овој пазар.

Во Интел константно работиме на подобрување на нашите услуги и се стремиме да Ви понудиме највисоко можно професионално ниво кое може една фирма од областа на Архитектурата да понуди.

 

ИНТЕЛ  архитектура

 

Со почит , за Интел

дипл.инж.арх Милановски Драгољуб